ПравдаСветСиндикат

Синдикатите во Зимбабве денеска протестираат

Синдикатите во Зимбабве денеска протестираат - Работник
73views

Јоханесбург – Движењето за демократска промена и синдикатите на Зимбабве денеска ќе излезат на масовен протест.

Причината поради која ќе излезат на протест се строгите мерки за штедење и лансирањето на нова валута.

Нкобзита Млило, адвокат за човекови права рече дека е добра идеја луѓето во Зимбабве да се борат за своите права.

„Изборите во 2018 година беа украдени. Господинот Мнангагва ги украде изборите. Претседателскиот кандидат на МДЦ, Нелсон Шамиса победи на изборите, но неговата победа беше украдена.“

„Протестот е обид да се врати нормалноста и легитимитетот на државата“.

Друга причина за протестот се неостварените ветувања од страна на Претседателот на Зимбабве, Емерсон Мнангагва. Тој им ветил инвестиции и транспарентност на жителите на Зимбабве, но не остварил ништо од ветеното.

Порано оваа година имаше слични протести кои доведоа до смрт на 13 луѓе, стотици луѓе беа истепани и многу жени беа силувани.