ПравдаСветСиндикат

Синдикатите најавија големи демонстрации за 9 јануари, Филип е подготвен да разговара со нив

Синдикатите најавија големи демонстрации - Работник
167views

Францускиот премиер Едуар Филип рекол дека е подготвен за разговори со синдикатите за измените предложени со реформата на пензискиот систем кои предизвикале протести ширум земјата.

Како што потсетува Ројтерс, синдикатите сакаат да ја спречат таа реформа која е клучен елемент на неговата политика.

Штрајковите и демонстрациите ширум земјата довеле до затворање на училиштата и прекинување на сообраќајот, како и до судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

 

Синдикатите за 9 јануари ги планираат следните големи демонстрации, како и четиридневен штрајк во рефинериите за нафта.

„Отворен сум за секаква расправа за условите“, рекол за радио РТЛ, Филип додавајќи дека полицијата е подготвена да спречи секаква блокада на рефинериите за нафта.

Тој додал дека во Франција не се заканува недостаток од гориво.