СветСветот на работникотСиндикат

Синдикатите од образованието ја одбиле понудата од Владата, штрајкот продложува

Синдикатите од образованието - Работник
236views

Синдикатите од образованието денеска ја одбиле новата понуда на хрватската Влада за престанување со штрајкот, оцениле дека е пониска од онаа која им била предложена минатата недела и порачале дека штрајкот се продолжува, а преговорите се откажуваат на неодредено.

Во продолжувањето на преговорите, Владата на состанок во Министерството за труд и пензиски систем на синдикатите им дала нова понуда, веќе познатото зголемување на основицата за 6,12 посто, изработка на анализа за целокупниот систем на плати во јавниот сектор во рамките кои ќе ги земат во предвид и коефициентите на сложеност на рабоните места на вработените во системот на основно и средно образование, наука и високо образование.