- Advertisement -
НовостиСветСветот на работникотСиндикат

Синдикатите повикуваат политичарите да се откажат од намерата за патентирање на вакцините

Синдикатите повикуваат - Работник
339views

Глобална коалиција составена од повеќе од 350 синдикати ги обнови барањата до политичарите да се откажат од патентирањето на вакцините против Ковид – 19. 

Велат дека доколку се патентираат, тоа ќе ги разложи ланците на снабдување и ќе предизвика „економско себе наштетување“. 

Ова доаѓа откако Светската трговска организација (СТО) се обиде да изнајде компромис на состанок во Женева. 

Критичарите аргументираат дека забрзувањето на воведувањето на вакцините е покомплексно од откажувањето од патентирањето на истите. 

Дилемата се дискутира на состанокот на СТО, со цел да се пронајде најдобриот начин за да се обезбеди најраспространетиот и наједнаквиот начин за вакцинирање на целиот свет и со тоа да се заврши пандемијата. Успешното имунизирање ќе овозможи да се отстранат рестрикциите кои го стагнираат економскиот раст. 

Минатата недела, Меѓународниот монетарен фонд предупреил дека трошоците на светската економија можат да изнесуваат и до 5,3 трилиони долари, доколку светот не успее да го затвори јазот во стапките на вакцинација помеѓу развиените економии и посиромашните држави. 

Владите на Индија и Јужна Африка ги повикаа земјите во развој да ги попуштат правилата за интелектуралната сопственост на вакцините и другите алатки со кои може да се справи со пандемијата, како тестовите. 

Тие веруваат дека доколку се направи ова, ќе може да се засили стапката на вакцинирани. Велика Британија, Германија, Швајцарија и Европската унија се меѓу оние кои се противат на откажувањето од патентирањето на вакцините. 

Коалицијата на синдикати е предводена од Светската федерација на транспортни работници. 

„Овие политичари се чини дека се приклонети кон социо – економско себе наштетување, за да ги наполнат џебовите на Фајзер, Модерна и Бионтек“, рекол Генералниот секретар на синдикатот Стивен Котон. 

„Ова е лудило – овие лидери го држат заздравувањето на остатокот на светот во заложништво“. 

Коалицијата е загрижена за тоа дека голем број од 11 милиони работници кои ги застапуваат во 113 земји, немаат доволно пристап до вакцините. Предупредуваат дека глобалниот транспртен систем се соочува со непосредна закана од колапс, доколку не се вакцинираат доволен број на работници. 

„Нееднавкоста во пристапот до вакцини и лекување на глобален план е голема закана за личната безбедност на транспортните работници, но исто така има негативно влијание и на ланците за снабдување и заздравувањето на глобалната економија“, рекол Котон. 

Една од причните поради која ланците за снабдување се под закана е што само 31 % од 1,4 милиони морепловци на светско ниво се вакцинирани. 

Тие играат круцијална улога во глобалната трговија, со оглед на тоа дека 90 % од добрата се транспортираат преку водните површини. Без вакцини, тие продолжуваат да се соочуваат со рестрикциите. 

Ова значи дека повеќе од 100,000 карго бродови се се уште во морињата, одамна надминувајќи го рокот од договорите. Околу 14,000 луѓе се заглавени во нив, околу 11 месеци, покажува анализата на Глобалниот поморски форум. 

Земјите во развивање како Филипините, Индонезија, Индија и Украина се едни од најголемите придонесувачи кон глобалната популација на морепловци. Нивната релативно мала стапка на вакцинација објаснува зошто оваа група би имала бенефит од откажувањето од правилата за интелектуална сопственост. 

Но, фармацевските гиганти сметаат дека откажувањето од правилата не е едноставно. Покрај формулата за да се произведе вакцината, проширеното производство значи имање на вештини, знаење и сурови материјали.

Извор: BBC

Фото: GETTY IMAGES