СветСветот на работникотСиндикат

Синдикатите предвидуваат дека на есен околу 300,000 работници ќе останат без работа

Синдикатите предвидуваат - Работник
321views

Сојузот на самостојни синдикати на Србија проценува дека на есен поради последиците од пандемијата на вирусот Ковид – 19 врз економијата без работа во Србија ќе останат од 250 до 300 илјади работници, рекол секретарот на советот на синдикатот, Зоран Михајловиќ.

Тој рекол дека се повеќе компании од Министерството за труд и синдикатот бараат дозвола за ново продолжување на платеното отуство од работа во траење од 45 дена, бидејќи се намалува производството, а тие ќе имаат право на 65 отсто од заработката.

„Голем број на компании го искористиле правото на платено отсуство на работници од 45 дена и бараат дозвола за продолжување за уште 45 дена, а некои веројатно ќе ги испратат работниците и на колективен одмор“, рекол Михајловиќ.

Додал дека работниците на крагуевската фабрика Фијат – Крајслер автомобили Србија пред неколку дена започнале да работат, но се најавува дека веќе оваа недела повторно ќе одат на одмор.

Автомобилската индустрија, како што рекол, е помеѓу најпогоделните сектори во светот, а најмногу странски инвестции кои дошле во Србија се од таа област и ќе ги сносат истите последици како и другите компании во светот кои ги погодила пандемијата.

Михајловиќ рекол дека во крагуевската фабрика за автомобили ФЦА работат 3,500 работници и дека повеќе од 3,000 ќе одат повторно на одмор. Само мал број од нив, односно оние кои се неопходни за одржување на фабриката, ќе останат на работа.

Тој рекол дека подеднакво се загрозени фабриките кои произведуваат компоненти за автомобилската индустрија и дека нема да биде изненадување доколку некои од инвеститорите ги затворат фабриките и заминат од Србија.

„Државата нема пари за дополнителна помош, а фабриките, доколку пандемијата наскоро не се стави под контрола, нема да имаат приходи и некои од нив најверојатно ќе одат во стечај“, рекол Михајловиќ.

Компаниите, според него, имаат право на два пати по 45 дена платено отсуство и со барањата за уште 45 дена платено остуство се мотивирани од надежта дека епидемијата најверојатно ќе се смири и дека имаат средства ова да го платат.

Михајловиќ истакна дека проблемите не се само од финансиска природа, туку и од здравствена, бидејќи во крагуевската фабрика за производство на оружје „Застава“ има 26 заболени од Ковид – 19, а околу 100 работнци се во изолација.

.