СветСветот на работникотСиндикат

Синдикатите предупредуваат дека Црна Гора останува без доктори

Синдикатите предупредуваат - Работник
157views

Стручниот, младиот и едуцираниот кадар се повеќе ја напушта Црна Гора во потрага за подобар живот во некои од европските држави. Дури и младите со основно и средно образование заминуваат, бидејќи речиси нема никакви шанси за вработување, а примањата се на ниво на социјални примања, до 180 до 250 евра.

Според неофицијални податоци, за тринаесет години, заминале помеѓу 50,000 до 60,000 граѓани, што за Црна Гора е многу, бидејќи таа има околу 650,000 жители.

За последиците од одливот на образованите кадри, лекарите, професорите, електро и машинските инженери, информатичарите… отворено почнало да се зборува пред неколку денови, кога докторите и просветните работници најавиле штрајк поради „мизерните примања“. Тогаш надлежните министерства соопштиле дека на Црна Гора и „недостасуваат преку 150 млади доктори и специјалисти кои треба да бидат носители на дејноста во болниците и здравствените домови“, но и се повеќе угледни професори заминуваат на европските факултети.

„Одливот на младите и образовани кадри не може да се надомести, а тој ќе биде уште позагрижувачки кога Црна Гора ќе стане дел од Европската Унија, бидејќи тогаш ќе се отворат границите. Тој проблем може да се ублажи ако поттикнеме природен одлив на луѓе во пензија, со тоа да се намали и границата за одење на пензија и да отвориме нови работни места. Доколку не го направиме тоа, луѓето ќе си заминат, особено оние креативните. Ова моментално ни е најважен проблем бидејќи кадрите заминуваат, луѓето не можат да формираат семејства, не можат да се вработат, а наталитетот се намалува. Власта треба да се занимава со овој проблем најмногу“, рекол Генералниот Секретар на Унијата на слободни синдикати на Црна Гора, Срѓа Кековиќ.

Синдикатот на здравството на Црна Гора, пак веќе со години предупредува на тоа дека здравството ќе остане без доктори бидејќи масовно заминуваат вон Црна Гора. Според податоците на синдикатот, од 2014 година до денеска Црна Гора ја напуштиле 101 доктор.