ПравдаСветСиндикат

Синдикатите се вратија на улиците, но расправата се продожи во парламентот

Синдикатите се вратија на улиците - Работник
184views

Француските крајно левичарски синдикати вчера направија уште еден протест против пензиската реформа на Претседателот Емануал Макрон, но бројката на демонстарнти била мала со оглед на тоа дека расправата се префрлила во парламентот.

Креаторите на законите запонале да дебатираат за најголемото обновување на пензискиот систем од Втората Светска војна оваа недела во Националното Собрание, каде 41,000 амандмани биле поднесни на предлог законот, од кои повеќе од половина биле поднесени од страна на крајно левичарската партија La France Insoumise.

Владејачката партија на Макрон рекла дека амандманите се намерно поднесени за да се одолговлече донесувањето на законот во парламентот, а некои од лојалистите на Макрон велат дека најверојатно Владата ќе мора да изврши притисок за да се донесе овој закон.

Француските синдикати водат битка со планот на Макрон уште од декември минатата година. Поранешниот инвестирачки банкар направил неколку отстапки, поради големите штрајкови на синдикатите, но одбива да се откаже од реформата.

Владата инсистира на тоа да реформата резултира со балансиран пензиски буџет до 2027 година и предложила зголемување на старосната граница за пензионирање на 64 години, чекор кој и воздржаните синдикати го одбија.

Разгововорите помеѓу синдикатите, работодавачите и Владата за да најдат алтернативен начин за балансирање на буџет се случуваат паралелно со парламентарната расправа, но со само две недели преостанати за изнаоѓање на договор, нивните ставови се само малку прибилижени.

„Понудивме конкретен предлог за финансирањето на пензиите преку поголеми плати и ревизија на изземањето на придонесите на работодавачите“, рекол Фелипе Мартинез, лидер на синдикатот ЦГТ, пред протестот.

Макрон се повлече од своите амбиции за преструктуирање на постоечките 42 различни пензиски шеми, сите со свое ниво на бенефиции, во еден систем кој на секој пензионер ќе му го даде истото право за секое евро придонес.

Макрон вели дека сегашните шеми ја одвраќаат мобилноста на работата и дека реформата е важна за да се направи пофлексибилен пазар на труд.