ПравдаСветСиндикат

Синдикатите се против укинувањето на договорот за слободно движење со ЕУ

Синдикатите се против - Работник
109views

Синдикатите во Швајцарија се против иницијатива да се укине договорот за слобода на движење со Европската унија, истканувајќи дека со закружувањето на „ДА“ ќе биде напад врз „сите работници“.

Прифаќањето на десничарскиот предлог може да доведе до ситуација каде „колективните договори и платите би биле ограничена конкуренција за сите нас“, рекол лидерот на Швајцарската Федерација на синдикати Пиер – Ивес Маилард.

Неговата изјава се однесувала за гласањето на 17 мај, кога жителите на Швајцарија треба да одлучат за предлогот од страна на Народната партија за преземањето на целосна контрола врз емиграцијата. Инцијативата бара да се укине договорот за слободно движење со ЕУ во рок од една година.

Другите поголеми синдикати се одгласија по оваа пригодба.

Доколку би се гласало да, тоа би значело крај на принципот „Швајцарски плати за Швајцарски работни места“, рече Ваниа Алева од синдикатот Униа. За неа, колективните договори коишто постојат под сегашниот систем на билатерални договори со Брисел се витални за мониторирање на работничките права.

Травеил. Свис групата, во меѓувреме, предупреди дека укинувањето на договорот за слободата на движењето (кое би го загрозил целосниот систем на билатерални договори, како што скоро рече Владата) би го ставила во опасност пристапот на Швајцарија до најголемиот извозен пазар. Би влијаело и на соработката на Швајцарија во меѓународните проекти поврзани со обуките и истражувањата.