МакедонијаСиндикат

Синдикатите со слични ставови за состојбата на јавнообвинителската служба

Синдикатите со слични ставови за состојбата на јавнообвинителската служба - Работник
565views

Синдикалната организација на јавните обвинителства, членка на Синдикатот на УПОЗ сака да ја извести јавноста за се понезавидната ситуација на вработените и непочитување на законите.

Имено, по измените на Законот за кривична постапка во декември 2013 година, овластувањата и обемот на работа на јавнообвинителската служба значително за зголемија и изменија, но условите за работа и примањата на јавнообвинителските службеници воопшто не се подобрија. Платите на јавнообвинителските службеници се уште се под републичкиот просек и истите не се доволни за задоволување на нај основните потреби за пристоен живот, пишува Макпрес.

Од синдикатот за администрација и државна управа – САДУ сметаат дека платите на вработените во јавните обвинителства и воопшто во јавната администрација се незадоволувачки и дека надлежните органи треба да работат на зголемување на платите и воопшто унапредување на социјалниот статус на вработените во јавните обвинителства и правосудните органи. Тие апелираат и да се почитуваат законите, како и да се унапредат условите за работа на јавнообвинителската служба.

Извор: Makpress