МакедонијаСиндикат

Синдикати: Несигурноста со договорите за работа и ниските плати се најголема причина за иселувањето

Синдикати: Несигурноста - Работник
219views

Работничката несигурност со договорите за вработување и ниските плати се една од главните причини за иселувањето велат од синдикатите. Очекуваат  промени со новиот Закон за работни односи што треба да даде рамка за тоа колку вработени со договори на определено може да има секоја компанија, така сметаат ќе се зголеми

Од организацијата на работодаваи велат дека и постојниот Закон за работни односи е добар, но потребно е да се допрецизирраат одредени одредби. Велат и во нивен интерес е заштитата на работниците и запирање на злоупотребите.

Од Минстерството за труд и социјална политика велат дека нема да се брза со новото законско решение што се уште е во работна верзија за да може да се најде компромис за сите вклучен и страни и работадавачите и синдикатите.

Инаку генерална оценка е дека Македонија е една од зејмите во Европа со најлоши работнички права. Дури и невладините организации од источниот регион еведидентирале поголем број на прекршувања во однос на поднесените пријави, а тоа го посочуваат и како причина за намалувањето на работната сила и нејзино заминување од државата.

Извор: 24 вести