СветСиндикат

Синдикати „Слога“: Да не му се заканувате на Претседателот на синдикатот

Синдикати „Слога“ - Работник
43views

Здружените синдикати на Србија „Слога“ го повикале менаџментот на Јавното комунално претпријатие на Градскиот сообраќаен превоз (ЈКП ГСП) Белград да не му се заканува на Претседателот на синдикатот „Слога“ туку „да се посветат на подобрување на градскиот превоз, материјалниот статус на вработените, условите за работа и да не ја попречуваат работата на нивниот синдикат“.

Во соопштението се наведува дека последната закана била соопштението на ГСП во петокот на 16 август кое е пратено до медиумите и е поставено на веб страната на тоа претпријатие, а во кое се закануваат на Претседателот на синдикатот Небојша Алексиќ со предупредување, поради „вршење на манипулација и злоупотреба на информации изнесени во јавност“.

Алексиќ рекол, во име на синдикатот дека “претпријатието во кое работи и чии членови ги застапува има недостаток на возачи и работници за одржување кои очигледно се помалку во однос на бројот на административните работници“.

„Ако тврдат дека ЈКП ГСП има 5,802 работници, од кои 1,484 се во секторот сообраќај и 1,562 на останатите позиции – прашуваме како е можно да покрај летниот распоред на возење и намалениот број на возила на улиците на Белград, возачите и работниците за одржување не можат да одат на целосен годишен одмор“, оценил Алексиќ.