МакедонијаСиндикат

Синдикатотот на бугарските учители во работна посета на Македонија

Синдикатотот на бугарските учители во работна посета на Македонија - Работник
459views

Ексклузивно за Работник, Претседателот на Самостојниот сидникат за образование, наука и култура – СОНК, Јаким Неделков истакна дека на седницата со Бугарскиот синдикат на учители – СБУ биле дискутирани прашања поврзани со надлежностите на синдикатите, како што се прашањата околу социјалниот дијалог и партнерството, социјлната положба на вработените во образованието, колективното договарање и придобивките  од тие договори, додатоци на плата, законите за образование, финансирањето на образованието и т.н.

Највиското раковдство на СБУ предводени од Претседателот, Јанка Такева на 19 и 20 април оваа година, одржаа седница на највискиот орган на раководење и одлучување, на којашто во еден дел од седницата учествуваше и Претседателот на СОНК, Јаким Неделков.

Претседателот на СБУ истакна дека нивниот синдкат во континуитет работи на подобрување на социјалниот статус на вработените во образованието, потенцирајќи повеќе придобивки меѓу кои и зголемување на платите, секоја година за 20 % во континуитет до 2022 година. Такева нагласи и дека нивниот синдикат вложува во едукација на нивното членство на сите нивоа.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков, со големо жалење констатираше дека состојбите во образованието и вработените во него се далеку од местото што го заслужуваат во државата. Тој истакна дека и покрај долгата политичка криза во Македонија и со низа протести организирани во рамките на Конфедерацијата на слободни синдикати – КСС, СОНК се обидува да ги подобри состојбите воопшто во образованието, особено со висината на платите, сигурноста на работното место, учество во изготвување на закони во образованието и т.н. Тој заврши со укажувањето, дека доколку не дојде до конструктивен дијалог со Министерството за образование и наука, голема е веројатноста да не заврши учебната година, односно дека СОНК ќе влезе во генерален штрајк.

На крајот двата претседатели на братските синдикати се согласија дека взаемната соработка е повеќе од потребна поради размена на идеи и искуства во правец на подигнување на социјалниот статус на своите членови, обезбедување на повиски права со колективни договори, подобри законски решенија и други прогресивни решенија.