- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Синдикатот бара од Владата да внимава да не ги наруши работничките права при трговските разговори

Синдикатот бара - Работник
225views

Лидерот на британските синдикати го предупеди Борис Џонсон дека ќе „наслушне“ што ќе се случува со пост -Брегизт трговските договори со Европската унија, дури и Премиерот да се обиде да ги сокрие деталите од неа.

Генералниот Секретар на ТУК, Францес Огрејди рече дека европските лидери биле отворени со нивните синдикати кои ја проследиле информацијата и ја држеле „вклучена“.

Advertisement

Таа побара од Премиерот да ги брани работниците во текот на разговорите со ЕУ.

Џонсон вети дека нема да „ослабе“ заштитата на вработените.

Advertisement

Портпарол на Владата рече дека Владата сакала да ја направи Велика Британија „најдоброто место за работа на светот“ и дека ќе ги одржи „високите стандарди“.

Велика Британија ја напушти ЕУ на 31 јануари и си даде рок до 31 декември да постигне трговски договор, додека во меѓувреме правилата на ЕУ сеуште ќе важат.

Пред започнувањето на разговорите во понеделник, Владата рече дека нема да се укинат постоечките работнички права.

Во пред преговарачкото соопштение ги повика двете страни да се обврзат „да не го ослабат или го намалат нивото на заштитата загарантирана со трудовите закони и стандарди“.

Велика Британија бара да се одвои од идните правила на ЕУ, што ќе биде клучна точка на вриење во разговорите.

Advertisement