СветСветот на работникотСиндикат

Синдикатот во Крагуевац: Вработените во продавниците имаат само два слободни дена во месецот

Синдикатот во Крагуевац - Работник
32views

Во продавниците во Крагуевац, освен во големите трговски ланци, работниците имаат само два слободни денови месечно и 10 дена годишен одмор, вклучувајќи ги и викендите, рекле од Сојузот на самостојни синдикати на Србија (СССС) во Крагуевац, за Бета.

Познато е и дека продавачите примаат минимална плата, а некаде не земаат ни толку, бидејќи газдите бараат да им вратат назад дел од таа сума.

„Мора да се застане на патот на таквото кршење на закони. Бараме надлежните органи да се вклучат во контрола, а пред се трудовите инспектори“, рекол Претседателот на СССС во Крагуевац и Преседавачот на Социјално – економкиот совет, Југослав Ристиќ.

Ристиќ рекол дека вработените во продавниците се плашат да го пријавуваат работодавачите, бидејќи потоа нема да можат да се вработат кај никој друг, бидејќи сите се „поврзани“.

„Ако веќе се контролира издавањето на фискалните сметки, тогаш најнормално е инспекцијата да тргне и во контрола на условите во кои работат вработените во продавниците во Крагуевац“, смета Ристиќ.

Тој рекол дека на работниците треба да им се пружи поддршка, на тој начин што ќе се организираат кампањи и ќе се пронајде начин за спроведување на контроли кај работодавачите во продавницата.

Ристиќ најавил дека таква иницијатива ќе покренат и на Социјално – економскиот совет во Крагуевац.

Оваа недела би требало да се одржи седница на СЕС на таа тема, но откажана е двапати поради отсуството на претставниците на градските власти.