ПравдаСветСиндикат

Синдикатот на Железници на Република Српска поднел кривична пријава против поранешната управа

Синдикатот на Железници на Република Српска - Работник
36views

Претставниците на синдикатот на Железница на Република Српска поднеле кривична пријава до Окружното јавно обвинителство во Добој против управата на претпријатието од 2012 година и тогашниот надзорен одбор, поради тоа што, како што тврдат, несовесното работење, нанесените повеќе милионски штети кога станува збор за исплата на топол оброк и регресот, како и потпишување на штетни договори.

Најавиле и нови пријави против тогашниот менаџмент, за кој тврдат дека потпишувал штетни договори.

Претседателот на Самостојниот синдикат на машиновозачите, Симе Цвјетковиќ појаснил дека тогашната управа им го намалила топлиот оброк и им го укинала регресот на вработените.

Лидерот на Конфедерацијата на синдикати, Жељко Тепачевиќ е уверен дека надлежните институции ќе ги испитаат тврдењата на шест од осум синдикати во Железници на Република Српска.

Најавил и тематска седница за состојбата во Железница, на која Претседателството на Конфедерацијата на синдикати ќе заземе став и ќе донесе заклучоци со намера да во наредниот период биде организиран голем собир на сите синдикални организации на Конфедерацијата како подготовка за евентуално организирање на генерален штрајк, пишува „Фена“.