Синдикатот на Клинички Центар го поддржува утрешниот протест на административниот персонал
Синдикатот на Клинички центар го поддржува протестот на административниот и помошно-техничкиот персонал, кој ќе се оддржи на 26.12.2019 година, во 10ч. и 30мин. пред Министерството за здравство организиран од координативното тело на здравствената администрација.
Синдикатот на Клинички центар на седницата на Советот одржана на 10.11.2019 година донесе одлука да се потпише Анекс на Колективниот договор за покачување на платите на докторите специјалисти за 25%, докторите со наставно звање за 20%, докторите по општа медицина 15%, здравствените работници со средно, више и високообразование за 10% и здравствените соработници за 5%, почнувајќи со февруарската плата во 2020 година.
Во таа прилика јавно истакнавме дека не сме задоволни што административниот и помошно-техничкиот персонал не се вклучени во ова покачување.
Во таа насока поради идентичните барања и заедничката цел заедно со Гранковиот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита и координативното тело на здравствената администрација остваривме повеќе средби со Министерот за здравство на кое ги истакнавме нашите барања за покачување на платите на административниот и помошно-техничкиот персонал и изземање на здравствената администрацијата од Министерството за информатичко општество.