- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на Монтенегро Ерлајнс: Гаснењето на компанијата треба да биде последна, а не прва опција

Синдикатот на Монтенегро Ерлајнс - Работник
199views

Синдикатот на работниците во Монтенегро Ерлајнс упатиле отворено писмо до Владата на Црна Гора, во кое истакнуваат дека прекинувањето со работа на назионалниот авио – превозник треба да биде последна, а не прва опција кон која треба да се стреми. 

„Ликвидацијата на компанијата нанесува несогледлива штета врз целата економија на Црна Гора, а најмногу на туристичкиот сектор со несогледливи последици“, наведува синдикатот во писмото. 

„Во време кога ИАТА (Меѓунардоната асоцијација за воздушен превоз) ги повикала владите на земјите кои имаат свој удел во авио – компаниите на итна интервенција со поддршка на авио – индустријата, Владата на ЦГ решила да им го сврти грбот на семејствата на 360 вработени и тоа во период на пандемијата од коронавирусот“, велат од синдикатот на МА. 

Истакнуваат дека реструкцијата е легална и легитимна опција која ја поддржува Европската унија и која претставува прифатлива шема за одржливост, а притоа има и успешно спроводлив модел на примена, помеѓу другите и во Ер Франс, Лот, Ал Италија…, каде за овие авио – компании државите нашле модел за опстанок и овозможиле привремено финансирање и ликвидност. 

Јасно ни е, напоменуваат, дека одржливоста на работењето на МА е невозможна без одобрување на државна помош за надминување на тешката ситуација, дополнително предизвикана од појавата на ковид пандемијата, како и примената на Законот за вложување во консолидација и развој на Монтенегро Ерлајнс. 

Свесни сме дека мора да се направи реална реструктуација за која е непходно да се подготви План за реструктуирање и финансиска консолидација на компанијата, рационализација на работењето и утврдување на бројот на вработени во согласност со големината на флотата, наведуваат од синдикатот. 

„И да е најавата за намерите на Владата на Црна Гора за гаснење на МА конечна, вработените во компанијата со право се загрижени за својата егзистенција, со оглен на фактот дека ни управата, ни претставниците на Владата на Црна Гора не ги запознале вработените со намерите. Напоменуваме дека вработените во последните месеци работат без лични примања и дека не им се уплатени придонеси за обврзно социјално осигурување наназад неколку години, а тие професионално ја обавуваат својата работа цело време“, стои, помеѓу другото, во писмото на синдикатот на работниците во Монтенегро Ерлајнс.