ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Синдикатот на полицијата од Владата бара да не се намалуваат платите во јавниот сектор

Синдикатот на полицијата - Работник
189views

Синдикатот на полицијата на Хрватска денеска ги повикал Владата и Министерството за внатрешни работи да ги отфрлат барањата за намалување на платите во јавниот сектор кои во јавноста ги пласираат „одредени неодговорни политичари“.

„Во моментите кога на некои од вработените во јавниот сектор, помеѓу кои секако спаѓаат здравствените работници и полицајците им претстојуваат најтешките денови во кариерата, барањата за намалување на нивните плати само внесува немир помеѓу нив“, соопштил синдикатот.

Од синдикатот порачале дека полицајците стапувајќи во служба биле свесни дека со полициската работа доаѓа и соочување со разни ризици, а овие денови освен со вообичаените ризици, тие се соочени и со закана од зараза со потенциијално смртоносниот вирус Ковид – 19.

Полицајците го прифаќаат и тој ризик и совесно ќе ја обавуваат секоја должност која ќе им претстои во идните денови, но не заслужуваат да, додека се тие по улиците, одредени политичари од своите удобни домови и канцеларии да повикуваат на намалување на нивните материјални права“, велат од синдикатот.

Од Владата и МВР бараат да ги отфрлат барањата за намалување на платите во јавниот сектор, особено на полицајците и на здравствените работници.