Правда

Синдикатот на правосудство: Судските полицајци немаат бенифициран стаж

????????????????????????????????????
659views

Речиси сите припадници на безбедносните служби во Македонија, имаат бенефициран стаж, освен судската полиција, вели Драган Јосевски, Претседател на синдикалната организација на правосудство, при синдикатот на администрација и државна управа – САДУ.

„Еден од најголемите проблеми на судските полицајци, како орган во судот, која има овластување и носи оружје, која има право согласно закон да примени сила, нема бенифициран стаж. Ние не сме заштитени, како што се другите полициски службеници во државата. Се водеше голема тема за ова прашање и ние како синдикална организација, сакаме да дадеме допринос во тој дел. Затвроските полицијаци и полициските службеници имаат бенифициран стаж, како и останатите служби на Министерството за внатрешни работи. Ние заедно седиме во иста сала, работиме на ист проблем, а само судските полицајци немаат бенифициран стаж.“

Судските полицајци, тоа го сфаќаат како непримено и неприфатливо работење на една демократска држава, смета Јосевски“

„Ние работиме заедно со останатите безбедносни служби, сме изложени на ист ризик а не сме заштитени со бенифициран стаж“, вели Јосевски.

Тој ги праша надлежните органи, дали е возможно за човек, кој има шеесет години, се бави со безбедносни прашања, влегува во конфликт со многу помлади луѓе, може да ја држи ситуацијата под контрола?

Јосевски наведе дека бенефицираниот стаж служи за да може да го скрати векот на работењето на работниците, кои треба физички да одговорат на работните задачи, а воедно се изложени на ризик.

Неговиот предлог е судските полицијаци да одат на пензија со триесет години работен стаж и педесет и пет години, старост. На тој начин ќе се израмни стажот со бенефицираниот стаж, кој го имаат другите безбедносни службеници. Така, ќе може да се одговори на безбедносните предизвици, со коишто тие се соочуваат.

Наведе дека овој проблем се дискутира долго време, но за него на повидок нема решение. За синдикатот е неприфатливо да еден постар судски полицаец, се остави да се справува со безбедносни предизивици, бидејќи со тоа се нарушува и безбедноста во судот.

„Во Основен Суд 1 – Скопје, каде што јас работам, работат седумнаесет судски полицајци, коишто се справуваат добро со предизвиците. Доколку не се успее да се балансираат и процесираат сите луѓе, коишто одат на судење, може да настане општ хаос. Голем дел од моите колеги се постари и не можат во целост да излезат на крај, доколку настане поголем неред во судот“, вели Јосевски

Јосевски апелира, државните органи да направат измени во законот, со коишто ќе им се овозможи стекнување на бенифициран стаж.