ПравдаСветСиндикат

Синдикатот на РТК бара да се казнат извршителите на нападот врз главниот и одговорен уредник

Синдикатот на РТК бара - Работник
136views

Независниот синдикат на Радио телевизија Косово (РТК) најостро го осудил нападот врз главниот и одговорен уредник на веб страната Алјтин Ахмети и побарал од органите на прогонот да преземат мерки и да го казнат напаѓачот.

Ахмети на припадниците на Полицијата на Косово им рекол дека во неделата навечер бил нападнат од пет лица, додека едниот од напаѓачите го идентификувал како Гзим Маколи.

„Независниот синдикат на РТК остро го осудува актот на насилство кон главниот и одговорен уредник на веб страната на РТК, Алјатин Ахмети кој ноќеска бил нападнат од неколку лица во еден локал во Приштина. Бараме од органите на прогонот да ги преземат сите законски мерки за да извршителите на ова дело ја добијат заслужената казна“, се наведува во соопштението на синдикатот.

Полицијата на Косово утринава објавила дека Ахмети е нападнат и дека осомничените за нападот се во бекство.