МакедонијаСиндикат

Синдикатот на УМВК бара поголеми плати и подобри работни услови

Синдикатот на УМВК бара - Работник
239views

Зголемување на платите на вработените во Управата на водење на матична книга (УВМК), креирање посебен колективен договор, подобрување на условите за работа, интервенција во законската рамка во однос на матичното работење, се дел од барањата на Синдикатот на УВКМ (НСУВМК), кои денеска ги соопшти претседателот на тој синдикат, Тони Милошевски.

-Убедени сме дека со сериозна промена на статусот на вработените во УВМК,  таа ќе го добие заслужното место во управните служби и притоа значително ќе влијае во подобрувањето на работните услови, рече Милошевски, кој очекува неговиот синдикат барањата да ги оствари во соработка со Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија, како и со владините институции.

Генералниот координатор на КСОМ Гоце Делчев истакна дека правата на работниците во УВМК, не само што се запоставени туку, како што рече, се на многу ниско ниво, за што постојат фотографии, објави ММС.

Целосниот текст можете да го прочитате тука