ПравдаСветСиндикат

Синдикат: Алармнатна е ситуацијата на Универзитетот во Загреб

Синдикат: Алармнатна - Работник
190views

Независниот синдикат на наука и високо образование на Хрватска испратил соопштение за медиуми во кое предупредува на алармантната ситуација на Хрвватските студии на Универзитетот во Загреб.

„Универзитетот во Загреб спротивно на Законот за установи успеал во судскиот регистар да го запише факулетот за Хрватски студии како јавна установа без претходно решение на министерството за усогалсеноста на основачкиот акт на факулетот со законот и тоа во околности кога основачкиот акт навистина содражи поединечни незаконски одредби“, се навдува во соопштението на синдикатот.

„Се поставува прашањето, како е тоа возможно? Можни се две сценарија: или се работи за потполна некомпетентност на судиите во Трговскиот суд во Загреб, што е тешко да се поверува, бидејќи се работи за тривијално прашање во постапката на основање на установата или се работи за вмрежување на челните луѓе од универзитетот со поединечен корумпиран судија и договорено спроведување на незаконскиот упис во судскиот регистар“.

„Тешко е да се избере што од горе наведеното е по погубно за судството, нашето општество и државата, но несомнено се работи за ситуација која треба да ја испитаат телата на казнениот прогон во оваа земја“, наведуваат од синдикатот во соопштението.