Синдикат – ДА или НЕ
Време за читање 1 минута
Многу вработени не сакаат да членуваат во синдикат. Причините се различни, некои се разочарани, некои не се слагаат со синдикалното раководство, други пак имаат лични агенди, а најпосле, некоии незнаат зошто не сакаат. Постои и т.н. „проблем на забрана за синдикално организирање“ од страна на некои работодавачи, што е забрането со Закон.
Без разлика дали сте „разочарани“ од синдикатите и синдикализмот во Македонија, или немате можност да се организирате бидејќи ве спречуваат несовесните работодавачи, немојте да се откажувате од идејата на синдикализмот. Тоа е идејата за заедништво, братство, еднаквост, солидарност и достоинствен живот! Синдикализмот е универзална, планетарна идеја која се темели на борбата за вистина, правда и мир! Затоа, ако можеш, помогни во Македонија да има подобро синдикално движење, немој да одмагаш во синдикализмот! Биди „фактор“ кој прави добро и работи за доброто на другите!
проф. д-р Лазар Јовевски
Синдикат – ДА или НЕ
Многу вработени не сакаат да членуваат во синдикат. Причините се различни, некои се разочарани,…
Posted by Проф. д-р Лазар Јовевски on Friday, February 19, 2021
Latest posts by Редакција (see all)