ПравдаСветСиндикат

Синдикат на вработените во полицијата: Врвот на МВР ја загрози безбедноста на сите граѓани

Синдикат на вработените - Работник
276views

Синдикатот на вработените во полицијата на Србија денеска соопштил дека најостро ја осудува одлуката на Министерот на полицијата и врвот на министерството за внатрешни работи да дел од работите околу одржувањето на хигиената во министерството за внатрешни работи го преземат приватни агенции.

Раководството на синдикатот итно бара од министерот на полицијата и врвот на МВР да се раскинат договорите со приватните агенции околу одржувањето на хигиената, наведувајќи дека со тоа се загрозува безбедноста на Србија, граѓаните како и тајноста на податоците на сите граѓани.

„Ваквата одлука да дел од работите околу одржувањето на хигиената ги преземат приватни агенции не само што е скандалозна, туку го загрозува и целиот безбдносен систем. Работниците во приватните агенции немаат обврска да чуваат службени тајни. Во прилика на работните обврски при одржувањето на хигиената имаат пристап до речиси сите канцеларии во Министерството за внатрешни работи каде се наоѓаат поверливите документи. На тој начин тие можат да дојдат до поверливите податоци и да ги изнесат од МВР, загрозувајќи ја безбедноста на Србија и граѓаните“, истакнуваат во соопшението.

Од синдикатот потсетуваат дека сите работници кои работат на одржување на хигиената и кои се во постојан работен однос преку конкурсите на МВР, полагаат заклетви како полициски службеници и имаат обврска да ги чуваат службените тајни, што не е случај со вработените преку приватните агенции.