- Advertisement -
МакедонијаПравдаСиндикат

Синдикат на КПУ Скопје: Или вклучување во изработка на колективниот договор или протест пред Министерство за Правда

Синдикат на КПУ Скопје - Работник
604views

Синдикатот на Казнено Поправната Установа- Затвор – Скопје при Синдикатот за администрација и државна управа – САДУ биле исклучени од подготовката на Законот за извршување на санкции кој е веќе во сила. Сега им ја прават истата неправда, со тоа што не се вклучени во изработката на Колективниот договор за вработените во КПУ и ВПУ, вели Претседателот на синдикатот на КПУ- Затвор Скопје, Стојче Јовановски.

„Има формирано комисија во Министерство за Правда, во која членуваат другите два синдикати, додека нашиот синдикат е исклучен, односно не бевме повикани“, рече Јовановски.

Advertisement

Тој истакна дека од синдикатот поднеле писмо до Управата за извршување во санкции, за да бидат вклучени во изработката на колективниот договор, но од таму им рекле дека не се надлежни за формирање на комисијата и дека надлежност има Министерството за Правда.

„Поднесовме барање и до Министерството за Правда за да не вклучат со наши претставници во изработката на колективниот договор, но до ден денеска немаме добиено одговор“.

Advertisement
Advertisement

Според него тие не сакаат да ја сфатат реалноста на лошата состојба во затворите и поради тоа не сакаат да ги вклучат во изработката на колективниот договор.

Јовановски рече дека има можност, членовите на синдикатот да направат протест пред Министерството за Правда, доколку во скоро време не добијат одговор од нив.

Advertisement