МакедонијаСветот на работникотСиндикат

Синдикат на КПУ-Скопје: Му даваме силна поддршка на синдикатот на правосудството за нивните барања

Синдикат на КПУ-Скопје - Работник
136views

Синдикатот на КПУ Затвор – Скопје, при синдикатот на администрација и државна управа – САДУ му дава целосна поддршка на синдикалната организација на правосудството во борбата за подобри работнички права и исполнување на нивните барања.

Од синдикатот кои се обратија до Порталот Работник, истакнаа дека како синдикални борци со слична идеологија тие треба да истраат заедно во овој тежок период за синдикалното движење и за работничките права.

„Им порачуваме на нашите колеги од синдикатот на правосудството да издржат, но и да се борат за остварување на нивните барања. Свесни сме дека борбата е тешка, но само со крената глава и постојао искажување на проблемите тие може да се решат“, рекоа од синдикатот.

Имено, на вчерашната прес – конференција Претседателот на синдикалната организација на правосудство при САДУ, Драган Јосевски излезе со барања на синдикатот за подобрување на материјалниот и социјалниот статус на судските службеници.