СветСветот на работникотСиндикат

Синдикат на полицијата остро протестира поради снимките на кои наводно полицајци малтретираат момче со пречки во развојот

186views

Синдикатот на полицијата и полициски старешини се огласија по повод една снимка од Нови Сад, објавена во медиумите, а на која се гледа како припадници на МУП наводно малтретираат момче со блага пречка во развојот.

Овој настан се случил за време на немирите и демонстрациите кои беа изминатите денови. Од Синдикатот испратија апел дека овакви нереди се одлична прилика за поединци да ги задоволат своите „нечисти мотиви“ и да ги нападнат припадниците на полицијата и ги запрашаа медиумите кои без проверка ја објавиле таа видео снимка, зошто никој не помисли дека можеби целиот настан е исцениран.

Во соопштението кое република.рс го пренесе во целост стои:

Демонстрациите кои се случуваат на улиците во најголемите градови во Србија се одлична прилика за многу поединци да ги реализираат своите нечисти мотиви, знаеме од бројните напади со камења, дрва и шишиња кон нашите колеги.

Сепак, мотивот за лична омраза кон Слободан Дрманац, одличен криминален инспектор и поранешен началник на Одделот за криминална полиција во „ПУ – Нови Сад“ а моментално оперативец во службата за борба против нарко – мафија во Белград, највероватно потекнува од неговите поранешни „пациенти“, т.е.оние кои ги донесе пред лицето на правдата. Одмаздата е исценирана кога непознати лица (без униформа или друга полициска ознака) малтретирале момче со пречки во развојот на улицата Нови Сад за време на демонстрациите. Снимката за овој навистина неприфатлив чин веднаш дојде пред гледачите на телевизиите, со тврдење на авторот на снимката дека станува збор за наши колеги или некој друг (исто така именуван) полициски службеник.

Ниту еден уредник на таа скандалозна тв – емисија во самата редакција која го објави видеото не постави дури и едноставно прашање за тоа кој ја подметна снимката со коментар и имиња на наводно виновните службеници. Се разбира, тоа прашање не беше поставено, а на социјалните мрежи се појавија видеа во кои не се препознаваат лицата кои го вршат насилството врз момчето, но затоа се таму имињата на нашите колеги.

Не станува збор само за нашиот колега Драманац. Не ретко полициските службеници се оставени во „избришаниот простор“ од страна на нивните старешини кога ќе бидат под „лупа“ на јавноста. Тоа мора да се промени во името на угледот на полицијата, која деновиве е под силен удар од оние на кои оваа сегашна власт не реагира, и токму затоа нашите колеги страдаат дури и со вакви подмолни и незаслужени морални удари. – се наведува во соопштението.