ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Синдикат на учители: Ученици нема, а вработените одат на работа

Синдикат на учители - Работник
187views

Синдикатот на хрватските учители спровел истражување на примерок од 627 основни училишта во Република Хрватска, што е повеќе од 30 проценти од училиштата во државата.

Така дошле до податокот дека во средата на 18 март 2020 година, како и ден претоа, во училиштата во Хрватска имало 23 ученици од 1 до 4 одделение.

Од синдикатот на хрватските учители бараат заштита на здравјето на вработените во училиштата, како и на сите оние кои се наоѓаат таму, па бараат „укинување на доаѓањето на училиште на вработените“.

„Помеѓу вработените кои одат во училиштата има и родилки, луѓе со нарушено здравје, постари луѓе и луѓе чиишто членови на семејствата се во самоизолација“, истакнуваат од синдикатот.

„Денеска ни се обратија три родилки кои мораат да одат на работа без потребните хигиенско – санитарни услови, а во училиштата нема деца“, наведуваат од синдикатот.

Имено, како што пишува Н1, вчера синдикатот на учители на Хрватска испратил допис до медиумите во кој побарал преиспитување на потребата за одењето на работа на вработените во образованието.