ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Синдикат „Независност“: Што ќе биде со отпуштените работници и оние кои имаат мали деца

Синдикат „Независност“ - Работник
200views

Синдикатот „Независност“ го предупредил Министерството за труд на Србија дека многу претпријатија не обезбедиле финансиска помош за заштита на вработените од корона вирусот, односно дека државата сеуште не пропишала мерки кои се однесуваат на родителите кои треба да бидат со своите деца, отпуштените работници или вработените кои се должни да бидат во изолација.

Синдикатот во соопштението го предупредил Министерството дека голем број на претпријаттија не обезбедиле маски, ракавици и средства за дезинфекција во согласност со Одредбата на Владата на Србија за организирање на работата на работодавачот за време на вондредна состојба, како и Законот за безбедност и здравје при работа и Законот за заштита на населението од заразни болести.

„Свесни сме дека недостасуваат такви средства, но на нас здравјето на работниците ни е приоритет и мораме да инсистираме овие средства да се обезбедат за сите, а особено за претпријатијата каде што работат повеќе стотици работници“, наведено е во соопштението.

Синдикатот истакнал и дека некои работодавачи сакаат веднаш да ги упатат работниците на годишен одмор, но Законот за работни односи предвидува најава од петнаесет дена. Синдикатот затоа го прашува Министерството дали може Владата да донесе одредба со која би се скратил тој рок.

„Веќе два дена слушаме на медиумите и дека еден родител кој работи може да остане дома доколку има дете до дванаесет години, но нема сеуште конкретни мерки како тоа да се спроведе, кој и со кои акти ќе се покрие таквото решение и како ќе се пресметуваат платите“, предупредил синдикатот.