ПравдаСветСиндикат

Синдикат: Обвинението против синдикалниот лидер е извршување на притисок

Исајов: Ја поддржуваме одлуката - Работник
67views

Самостојниот синдикат на „Застава оружје“ оценил дека почетокот на судењето на Претседателот на тој синдикат, по кривичната пријава на Претседателот на Надзорниот Одбор на фабриката, било покачување на притисокот за да ослабе синдикатот и да се сузбие слободата на мислење, изразување и говорење.

Како што денеска соопштил синдикатот на фабриката за оружје, во понделеник на 4 ноември во Основниот Суд во Крагуевац ќе започне главниот претрес против Претседателот на синдикатот Драган Илиќ по пријавата поднесена од Претседателот на Надзорниот Одбор, Ивица Марјновиќ.

Во кривичната пијава Илиќ се обвинува дека го нападнал Марјановиќ кој во таа прилика се удрил во врата и ја повредил кичмата.

Основното јавно обвинителство подигнало обвинение против Илиќ за кривично дело напад на службено лице во вршење на службена должност.

Во соопштението на синдикатот е наведено дека обвинението е подиганот и покрај тоа што никој од сослушаните сведоци не видел дека Марјановиќ бил нападнат, освен Амир Османгиќ кој е член на Надзорниот Одбор од Министерството за одбрана.