ПравдаСветСиндикат

Синдикат Слога: Цинично исмејување на работниците

Синдикат Слога - Работник
193views

Изјавата на Премиерката Ана Брнабиќ дека „Србија не е повеќе земја на евтината работна сила и дека тоа повеќе не може да се истакнува како нејзина компаративна предност“ е цинично исмејување на сите работници кои работат за минималец, посебно во странските компании кои добиле државни субвенции за вработување, соопштил синдикатот „Слога“.

Тврдењето дека „Србија има историски ниска стапка на невработеност од 9,5 проценти“ е исто, лесно изговорена невистина која статистички на хартија од аспект на набљудувачката јавност не може да се демантира во целост.

Тоа тврдење, меѓутоа, ја демантира реалноста и луѓето кои секојдневно ја напуштаат Србија во потрага по подобар живот, укажува „Слога“. Синдикатот смета дека изнесувањето на таквите невистини се прави со цел да се манипулира со јавноста поради изборната кампања и ширење на лажен оптимизам и дека со таквите цинични изјави власта ја открива сопствената слабост.

Очигледно е дека Премиерката живее во паралелен свет и дека заборавила дека е платена од граѓаните на Србија од буџетот, за кој сметаме дека со нејзината неспособност не се полни на база на реално производство и суфицит, туку со постојано воведување на нови трошоци за граѓаните преку акцизите и со измислувањето на нови даноци, како и нови кредити за задолжување во име на граѓаните, се наведува во соопштението.