ЕкономијаСветСветот на работникот

„Сирк ду Солеил“ ќе отпушти 3,500 вработени за да се спаси од банкрот

131views

Канадската фирма за забава „Сирк ду Солеил“ ќе отпушти 3,500 работници по склучениот договор за да избегне банкрот.

Групата, најпозната поради своите надреалистички патувачки циркуси истакнала дека пандемијата од коронавирусот довела до присилно откажување на изведбите и отпуштање на работниците.

Компанијата ќе се обиде да се реструктуира откако ќе отпушти 95% од работниците.

„Со нула приходи поради присилното откажување на сите наши изведби поради Ковид-19, менаџмнтот реши да постапи одлучно“, изјавил шефот, Даниел Ламар.

Фирмата морала да ја паузира продукцијата на сите свои шоуа, вкучувајќи настапи во Лас Вегас.

Со патувачките циркуси се стопирале и патувачките мјузикли.

Фирмата соопштила дека се согласила на договор според кој постоечките сопственици на акции ќе ги преземат одговорностите на „Сирк ду Солеил“ и ќе инвестираат 300 милиони долари во бизнисот.

Истовремено, сопствениците на акции ќе одвојат и 20 милиони долари за да обезбедат отштета на отпуштените работници и соработници.

Во соопштението се вели дека фирмата повторно ќе вработи „значителен дел“ од отпуштените вработени откако мерките против коронавирусот ќе се олабават и изведбите ќе може да се одржат.

Извор: BBC