ЕкономијаМакедонија

Сител: Дали е реална најавата за камен-темелник на новиот клинички до крајот на годината?

Дали е реална најавата за камен-темелник - Работник
261views

До крајот на месецот министерството за здравство ќе распише јавен оглас за избор на проект за новиот Клинички во Ѓорче Петров. Според информации на Сител здравствените Власти за десетина дена ги чека известувањата од повеќе банки и финансиски институции од кои бараш околу 500 милиони евра кредит за медицинскиот комплекс во Веле Поле.

Во меѓувреме во МЗ сеуште не е доставена ниту финалната верзија на физибилити студија за Клиничкиот која австриската агенција за здравство требаше бесплатно да ја изготви уште пред два месеци. Од тука се поставува прашањето дали Власта ќе успее да удри камен темелник на долгонајавуваниот Центар до крајот на годината или ветениот рок е недостижен? Познавачите сметаат дека времето е кратко зошто допрва ќе се распишуваат два посебни тендери за проект и за избор која компанија ќе го гради новиот Клинички. Според експертите бидејќи има точно утврдени термини за сите фази од постапката меѓу кои и жалби честопати процедурите се одолговлекуваат, но министерот Венко Филипче е убеден дека 5 месеци се доволни да се заврши се и да почнат градежните работи.

-Доколку се оди според предвидената динамика мислам дека до крајот на оваа година може нешто да се започне со некакви градежни работи на терен на новиот Клинички, изјави д-р Венко Филипче, министер за здравство.

Иако првично беше планирано новиот клинички да се простира на површина од 90 хектари со Владина одлука  пред 2 месеци површината беше зголемена на 102 хектари.

Ова е трет обид за изградба на нов Клинички Центар. Пред 10 години беше донесена одлука за локација во Бардовци, а пред 5 години беа обезбедени пари и  удрени темели на местото на сегашните клиники, но овој проект беше поништен од актуелната Влада.

Извор: Сител