Сител: Ново покачување на пензиите, 36 денари за најниската, 63 денари повеќе за просечната пензија

Минималната пензија ќе се зголеми за 36 денари, просечната за 63. Пензионерите револтирани, велат овие суми не се покачување. Над 170.000 лица кои имаат пензија до 14.500 денари се ранлива категорија и треба да добијат повеќе пари од државата.
Според Аргоровски, решение за проблемот со ниските пензии е враќање на старата формула за пресметка. Со новиот закон растот на платите не влегува во пресметката, туку само инфлацијата. Заради ова, додека платите годинава се зголемиле за 4%, пензионерите со новото порамнување ќе добијат симболични 0,4% повеќе пари на своите сметки. Тој вели дека ваква формула не се применува никаде во европските змеји. Го споменува примерот со Хрватска, каде во предвид при пресметување се зема ставката која е поповолна за пензионерите, објави Сител.
Целосниот текст можете да го погледнете тука