Светот на работникот

Сител: Производителите на ориз на предупредувачки протест – два часа блокирана една лента од регионалниот пат кон Кочани

Производителите на ориз на предупредувачки протест - Работник
279views

Оризопроизводителите од Кочанско утринава, со земјоделска механизација, на два часа ја блокираа едната коловозна лента од регионалниот пат Штип-Кочани, кај село Облешево. Ова е предупредувачки протест поради не исплатата на 5-те денари за предаден килограм арпа, за што од ресорното министерство им беше ветено дека ќе им биде исплатено најдоцна до 31 мај годинава.

– Мај помина, јуни помина, јули, сега сме 17-ти август. Значи, со еден збор бевме излажани-изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од с. Облешево

Оваа интервентна субвенција беше воведена поради ниската откупна цена минатата година. Средствата им беа потребни за купување на репроматеријали.

– Јас ви гарантирам дека пола од овие луѓе немаа средства да купат ѓубрива, да вршат дополнителна потхрана на оризите за да имаат поголеми приноси. Тоа е понижувачки за еден земјоделец кој произведува храна- изјави Драгољуб Гаврилов, оризопроизводител, објави Сител.

Целосниот текст можете да го прочитате тука