- Advertisement -
МагазинНаука

Сите лица на амбицијата

Сите лица на амбицијата - Работник
383views

Замислете свет во кој живеат луѓе без амбиции. Луѓето би се забавувале цел. Тоа би бил свет без научни откритија, уметнички дела, величенствени градежни објекти, не би имало светски натпревари, шампиони, па ниту Гинисова книга на рекорди, пишува Слаѓана Павиќ, психолошки советник, пренесува Bizlife.rs. 

Според неа, амбициите најчесто се дефинираат како силна желба нешто да се постигне и да се успее во остварување на некоја цел. Освен силната желба, вклучува и мотивација да се издржи во реализацијата на целта. Тоа се и упорноста и одлучноста да не се откажеме при првата препрека или првиот неуспех.

Вели дека амбициозни се оние луѓе со висок степен на совесност, доверба, кои се подготвени да работат напорно, кои се дисциплинирани, кои темелно планираат и кои се добро организирани. Талентот и интелегенцијата, смета таа, се неопходен зачин. 

Амбициозните луѓе располагаат, вели Павиќ, со голема доза на перзистенција, т.е. можат да се фокусираат на некоја задача со многу сила и поаѓаат од тоа дека, каде што има волја, има и начини. Амбицијата не е судбина која некого го престигнува или заобиколува, туку е апсолутна волја за совладување на табуата, отпорите и потешкотиите. 

„Желбата за успех ја оживува амбицијата и живее во секој од нас. Одговорот на прашањето од каде потекнува амбицијата, како и обично, не враќа во детството. Први се оние деца кои имале неудобно детство, кои гледале со завидност на други деца кои го имале тоа што тие го немале. Поради немање на нешто, настанува силен мотив да се успее во живтот и на себеси и своите деца да им се овозможи она што личноста го немала во детството. Втори се оние кои имаат амбициозни родители кои можеби пред нивното раѓање имале јасна цел која нивното дете треба да ја постигне. Тоа се родители кои несвесно на детето му праќаат порака дека ќе го сакаат само ако ја исполни нивната амбиција. Детето со текот на времето се поистоветува со амбицијата на родителите и започнува да ја доживува како сопствена и така се стреми кон успех“, вели Павиќ. 

Истакна дека како ќе се развива амбицијата во детето, зависи од реакцијата на родителите на неговата љубопитност и иницијатива. Смета дека треба да се поддржат во истражувањето и развојот на интелектуалните капацитети, да се нагласи значењето на успехот, но и да се покаже дека до целите се доаѓа со сопствено залагање и труд. Добро е кога родителите влијаат на развивањето на натпреварувачкиот дух и капацитетите за фер – плеј, како и на тоа да се толелираат фрустрациите и да се прифати неизвесноста на целите. Така родителите градата темел за здрава амбиционзност. 

Во психологијата амбициозноста често се доведува во врска со тн. ниво на аспирација, односно со начинот на кои ги избираме задачите и целите. Имено, за исполнување на некои желби потребно е да се вложи повеќе труд и напор, а амбициозните се тие кои не се плашат од „маката“ за да дојдат до целта. Нивоата на аспирација, всушност, претставуваат разлика во достапноста на целите кои ги поставуваме сами на себе. Ако го сакаме невозможното, амбицијата ќе стане пооптеретена, но ако целите се реални и достапни, амбицијата ќе не повлече кон остварување на целите. Истражувањата покажуваат дека нивото на аспирација е поврзан со интелегенцијата, но и со особините, како што се љубопитноста, истрајноста, флексибилноста, како и со одредени карактеристики на темпераментот. 

Повеќе на bizlife.rs