ЗанимливостиСветот на работникот

Сите сакаат да работат во овие компании, но не знаат дека имаат мрачни страни

Сите сакаат да работат - Работник
187views

Флексибилното работно време, оргнизираниот превоз во луксузни автобуси во сопственост на компанијата за која работите, кујна полна со здрави и бесплатни пијалоци и/или комбуче, опуштена работна атмосфера, играчница за вработените и работење со слушалки на ушите кои ви помагаат да го исклучите светот околу себе.

Ова на некои може да им звучи како опис на типочно работно место во Гугл или Фејсбук, но во денешно време има се повеќе компании кои го присвоиле пристапот на технолошките гиганти од Силиконската долина. Канцелариите се помалку наликуваат на оние во коишто работеле постарите, а се повеќе има места на кои би сакале да го поминуваме слободното време.

А потоа се појавил Гугл и сменил се.

Вашите соработници станале ваше „семејство“, хиерархијата е зауздена, вообичаените титули се заменети со „волшебници“ и „нинџи“, слободните денови станале речиси неограничени, а создавањето на рамнотежа помеѓу работата и приватниот живот се претворило во „работно -животна интеграција“. Канцелариите добиле соби за акупунктура и одморање, а по 19 часот добивате и бесплатна вечера.

И додека некои ќе речат дека ова е работно место за кое многу од нас можат само да сонуваат, новинарката Виреда Ариел Пардес тврди дека овој пристап ја уништил работната култура, не само во Силиконската долина, туку секаде.

Се повеќе американски компании се претвориле во „Гугл Ванабе“, компании кои добиваат простори за медитација, маси за пинг – понг, масери, повеќе слободни денови и еден куп други бенефиции за кои, се претпставува дека ја зголемуваат продуктивноста. И не се работи само за нови компании, туку и за постарите како што е Каргил, голем дистрибутер на земјоделски производи. Неодамна ги редизајнирале канцелариите и овоможиле либерална политика што се однесува на работењето од дома.

„Можам да ви кажам дека само минатиот месе потрошивме 34 милиони минути на видеповици“, вели извршниот директор на Каргила, Џастин Кершо и додава дека одлуките за модернизација ги донеле по посетувањето на Силиконската долина.

Мајк Робинс кој, помеѓу другото, соработувал со Гугл и Мајкрософт тврди дека сите сакаат да го копираат тоа што ќе го видат во овие успешни компании, бидејќи се што гледаат е успех, а тој вели дека најголемиот извозен производ на Силиконската долина е токму тоа помрдување на гранците помеѓу работата и приватниот живот.

Мрачна страна

Но, постои мрачна страна на приказната бидејќи како што гранците исчезнуваат, станува јасно дека сите работат цело време.

На пример, дури ни неограничените слободни денови кои ги популаризирал Нетфликс не се гаранција за поопуштена и посреќна работна сила. Истражувањето од 2017 година, спроведено од страна на Сејџ Бизнис Рисрчер, покажало дека токму таквите компании имаат помалку искористени слободни денови од обичните компании. Останатите бенефиции имаат слични последици. Бесплатната вечера е поттик да повеќе останете во канцеларија, а куполите за спиење се таму, бидејќи многумина на работното место остануваат преку цела ноќ.

Поранешниот новинар Ден Лионс е еден од најголемите противници на овој пристап и токму затоа дал отказ од една таква компанија и почнал да пишува за серијалот „Силиконската долина“ кој покажува колку е апсурдна работната култура во големите компании.

Лионс е убеден дека сите тие бенефиции се показател дека во сржта на таквите компании се крие нешто лошо. За несреќата на вработените не ја обвинува само праксата на Силиконската долина, туку и бизнис моделот кој се нарекува „акционерски капитализам“. Секоја модерна ИТ компанија е оптеретена со раст и профит и тоа на штета на вработените, а во корист на инвеститорите. Сите овие погодности се само згоден начин да на вработените им се одвлече вниманието и да се погрижат да не забележат дека ги претвораат во работохоличари.

Успеале работохоличарството за туѓа корист да го претворат во нешто посакувано па „9 до 5“ станало „996“ или „од 9 наутро до 9 навечер, 6 дена дневно“. Елон Маск во една прилика изјавил: „Никој не го сменил светот работејќи 40 часа неделно“.

Канцеларијата е само канцеларија

Последните месеци се повеќе вработени започнале да повлкуваат јасни граници или да препознаваат дека нормата станала апсурдна. „Верџ“ со својата репортажа за проблематичното работно опкружување во компанијата Авеј усепал да го натера извршниот директор да даде оставка.

Вработените во Авеј истакнале дека директорот им праќал заканувачки пораки преку Слек, за да ги тера да работат за време на годишните одмори, а културата на насилство на работа станала неприфатлива. Но, репортажата не изненадила никого во Силиконската долина, бидејќи тоа е токму вообичаен модус операнди во тамошните големи комапнии, а слична е и атмосферата и во случајот на големите компании во индустријата на видеоигрите во кои „crunching“ (непрестајната работа пред датумот на излегување на некој наслов) предизивикала лавина на реакции во индустријата, но тешко е да се предвиди колку тоа ќе ја смени праксата.

Секако, не треба веднаш да се фатиме за поговорката „претоа беше подобро“, бидејќи сите кои работеле во стари канцеларии многу добро знаат дека не било бајка ни пред 50 години. И како што авторката на текстот напишала: „Можеби е време да започнеме да создаваме свет во кој канцелариите се само канцеларии, места во кои можеме да ја завршиме работата и во еден момент да си заминеме“.