- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Сите што останале без работа да аплицираат за паричен надоместок до 26 јуни

Сите што останале без работа - Работник
266views

Сите што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок, а рокот за пријавување во Агенцијата за вработување трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии на својот профил на „Фејсбук“.

„При креирањето на мерките  Владата се погрижи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност“, напиша Ангеловска.

Advertisement

Таа наведува дека за оваа мерка во Центрите  за ваботување досега аплицирале 3.000 лица и дека со мерката се опфатени 113.000 невработени.

Министерката информира и дека мерката ослободување  од плаќање аконтации по основ на данок на добивка и данок на личен доход за самостојни вршители на дејност продолжува и во месеците јуни и јули.

Advertisement

„Над 1500 компании и вршители на дејност ја користат мерката.Најмногу од компаниите кои ја користат се од дејностите:Транспорт, подготовка и служење на храна.Туристички агенции, туроператори и останати резервациски услуги како и дејностите поврзани со нив и Објекти за сместување“, пишува Ангеловска.

Според неа, најголем број од претпријатијата ослободени од аконтација за данок на добивка се микро и мали со преку 90% застапеност.

 

Advertisement