Правда

Ситуацијата со детските права во Македонија според Комитет за детските права на ОН

Ситуацијата со детските права во Македонија според Комитет за детските права на ОН-Работник
294views

И покрај бројните постоечки закони кои забрануваат  детски труд содржат голем број исклучоци, според Комитетот на Обединетите Нации. Во 2011 година Комитетот на Обединетите нации за правата на детето забележа дека децата од малцинските групи, особено ромските деца, немаат документи за лична идентификација. Оттука, тие не се во можност да пристапат до основните административни услуги. Од истата причина, смртноста кај новороденчињата е веројатно поголема кај ромската заедница поради ограничен пристап до здравствениот систем.мЗгора на тоа, здравствениот систем ги дискриминира децата Роми, бидејќи обезбедува грижа за децата кои редовно посетуваат училиште и чии родители се вработени или се опфатени со системот на социјално осигурување.

Иако стапката на посетување на основно училиште е многу добра, сепак стапката на присуство останува многу мала за малцинските групи, повторно, кај децата Роми. Всушност, ромските деца немаат пристап до образование на својот јазик, што значи дека не се во можност да имаат нормално образование. Децата се повеќе се групираат според нивната етничка припадност во училиштата, што доведува до нееднаквости во степенот на пристап до образование. Во моментот, многу малку училишта се достапни за деца со посебни потреби кои остануваат маргинализирани од образовниот систем.

Традиционалните практики на трговијата со деца се чести. И покрај фактот дека законската возраст на брак е 18 години, многу мали деца се продаваат пред оваа возраст и се принудени да се омажат.

Децата понекогаш се принудени илегално да работат. Тие мора да имаат наполнето најмалку 15 години да стаоат во законски во работен однос. Сепак, Комитетот на Обединетите нации за правата на детето верува дека овие закони не се доволно почитувани во Македонија. Се чини дека на црниот пазар работат многу деца, особено во преку просење, продажба на улиците или по рестораните. – се вели во извештајот на Обединетите нации за права на детето.