ЕкономијаСветСветот на работникот

Сијарто: Зачувани 143.000 работни места, поради државната помош за компаниите

Сијарто: зачувани 143.000 работни места - Работник
79views

Владата на Унгарија досега поддржала инвестиции на 806 компании со грантови во висина од 481 милијарди евра, изјавил Петер Сијарот, министер за ндворешни работи и трговија.

Инвестициите на компаниите се во вкупна вредност од 1 милијарда евра и се зачувани над 143.000 работни места, рече Сијарто на прес-конференција, најавувајќи инвестиција од логистичката компанија Иноватив Рактарлогистика.

„Владата одлучи да се справи со економскиот пад предизвикан од епидемијата коронавирусот со поддршка на компании кои се во можност и спремни да создадат нови работни места наместо да финансираат невработеност, рече Сијарто.

Новата инвестиција ќе вложи 670 милиони форинти (1,9 милиони евра) во магацинска зграда во Ѓер, во северо-западна Унгарија. Владата го поддржува проектот со грант од 282 милиони форинти (813 илјади евра), помагајќи и на компанијата да задржи работни места, рече Сијарто. Новиот објект ќе биде погоден за складирање на литиумски батерии, објави  HungaryToday