ПравдаСветСветот на работникот

Скандал во Италија: И политичари земале пари од помошта за корона кризата

68views

Петмина пратеници во италијанскиот парламент и 2.000 градоначалници и членови на локални совети си земале бонус од по 600 евра. Овие пари Владата ги додели како помош за граѓаните, чии работни места се најдоа на удар од кризата со корона вирусот, пишува „Република“.

Измамата ја откри Комисијата за борба против корупцијата, ште предизвика гневни реакции од сите политички партии и институции.

Според претседателот на долниот дом на парламентот, Роберто Фико, „како народни претставници имаат и морални обврски, а не само законски“.

Министерот за надворешни работи Лујџи ди Мајо е на мислење дека „политичарите, кои земале бонуси, треба да ги вратат парите, да им се извинат на Италијанците и да поднесат оставки“.

Матео Салвини, претседател на партијата Лига, повика „кој и да го сторил тоа од пратениците, веднаш да биде сменет“.

Засега не се познати имињата на пратениците кои, наспроти високите приходи, земале пари наменети за погодените од кризата. Тие ги користат одредбите од законот за заштита на личните податоци.

Извор: Лидер