СветСветот на работникотСиндикат

Склучен договорот: пилотите ќе добијат поголеми плати

Склучен договорот: пилотите ќе добијат поголеми плати - Работник
14views

Пилотите во Германија за прв пат постигнале договор за платите со Рајанер, во услови кога Ирската компанија е во напнати преговори со европските синдикати.

Според тој договор, пилотите ќе бидат подобро платени и ќе уживаат подобра заштита во случај на отказ, соопштил синдикатот и додал дека двете страни се договориле за идни разговори за потенцијално формирање на работнички совет.

„Колективните договори значат дека германските закони се применуваат на работните односи“, нагласено е во соопштението од синдикатот, пренесува Ројтерс.

Претходно овој месец пилотите на Рајанер во Британија најавиле дека почнувајќи до 18 септември ќе стапат во седумдневен штрајк, а прекин на работата најавиле и пилотите во Шпанија.