- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

СКМ: Ако нема нови мерки, товарот од кризата ќе падне врз приватниот сектор

СКМ: Ако нема нови мерки - Работник
232views

Владата го објави вториот сет економски мерки. За да можат тие соодветно да се оценат, потребно е, најпрво да се видат пропратните уредби и објави во Службен весник во кои ќе бидат содржани сите конкретни детали за мерките, велат од Стопанската комора на Р. М.

По донесување на овие уредби и нивното објавување во Службен весник, Стопанската комора на Македонија, ќе направи анкетирање на своите компании членки, исто како што беше случај и со првиот сет мерки, и тогаш ќе може да ги сумира оценките за новите економски мерки.

Advertisement

Во моментов можат да се дадат само некои принципиелни согледувања за вчера објавениот втор сет мерки, изјави Зоран Јовановски.

  • Јасно е дека неповолните економски случувања поврзани со коронавирус-кризата негативно се одразуваат на буџетот на државата. Оттаму, станува јасно дека во моментов Владата располага со ограничени финансиски ресурси и тоа е факт што влијае на дизајнот на мерките. Имајќи го предвид овој ограничувачки елемент, споредбите со други земји кои имаат поголем финансиски капацитет, тековен или потенцијален, во суштина не помагаат.
  •  Понатаму, во услови на висок степен на неизвесност за тоа што носи иднината во поглед на рестартирањето на економијата и полнењето на буџетот на државата, нашата перцепција е дека Владата се подготвува за креирање на финансиски капацитет што ќе може да ги поддржува економските мерки и во малку подолг временски период. Тоа значи дека всушност се прави распоред на силите и на финансиските средства.
  •  Ние претпоставуваме дека ова не е последниот сет на мерки и дека ќе следат нови штом државата обезбеди дополнителни финансиски средства по пат на позајмување. Всушност, тогаш и ќе можеме да ја согледаме целината на мерките и неа соодветно да ја оцениме.
  • Досегашните мерки се примарно насочени кон зачувување на нископлатените работни места.
  • Ние очекуваме дека ќе бидат донесени и нови мерки. Доколку тоа не се случи, тогаш товарот од кризата во најголем дел ќе падне на приватниот сектор., изјави  Јовановски.

Извор: Лидер

Advertisement
Advertisement

Advertisement