ЕкономијаМакедонијаНовостиСветот на работникот

СКМ: Доколку не се измени Законот за поддршка на погодените компании, хотелите ќе отпуштаат работници

СКМ: Доколку не се измени Законот - Работник
59views

Во насока на реализирање на четвртиот пакет мерки, а со цел поддршка за економска одржливост и директна поддршка на компаниите од различни сектори, од страна на Владата на РС Македонија, предвидените серија мерки за еден од најпогодените сектори – туризмот и угостителството согласно опфатот на дејностите во рамки на секторот, како и обемот на средства кои се издвоени за поддршка, повеќе од извесно е ќе имаат делумно ублажување на негативните ефекти од здравствено- економската криза предизвикана од Ковид-19 вирусот.

Сепак, голем број од компаниите од угостителско туристичкиот сектор, пред се хотелските објекти се соочуваат со проблем околу користење на мерката – Финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати (т.е. месеците октомври, ноември и декември), која воедно е и прва мерка од четвртиот пакет економски мерки која започна да се реализира.

Проблемот е во условите кои се утврдени во Закон за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19, заради исплата на платите за месеците октомври, ноември и декември 2020. За таа цел Здружението на угостителството и туризам при Стопанската комора на Македонија, бара измена на Законот со бришење на алинеја 2 и алинеја 3 од член 3, став 3, од Законот.

Имајќи го предвид фактот дека на пазарот на трудот во рамки на секторот угостителство и туризам како еден од најпогодените сектори од пандемијата доаѓа и до ситуации голем број на работници доброволно да заминуваат од работа и бараат вработување во друг сектор, а во дел од хотелите бројот на вработени е намален поради сезонскиот карактер на вработување, компаниите укажуваат дека меѓу останатите проблеми предизвикани од здравствено-економската криза, се соочуваат и со реален проблем да ги задржат вработените. Дополнителен проблем е ограничувањата за исплата по основ на награда за деловна успешност, друг вид на годишна награда на вработените или дивиденда што е резултат на успешна работа од претходен период и е значајно да биде реализирано како обврска кон вработените со цел задржување на работните позиции во услови на голема мобилност на вработените во овој сектор.

Доколку овие два услова не бидат изземени, Здружението на угостителството и туризам укажува дека голем број хотели во државата ќе бидат принудени времено да ги затворат своите објекти, а вработените да ги пријават како невработени во Агенцијата за вработување на РС Македонија.

Барањето е доставено до надлежните државни институции со очекување дека ќе биде соодветно разгледано и ќе се излезе во пресрет на деловните субјекти од секторот туризам и угостителство со укажување дека голем дел од компаниите пред се хотелите нема да бидат во можност да ја искористат оваа мерка.