- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

СКСЗМ: Ние сме за покачување на платите и подигнување на стандардот на граѓаните

СКСЗМ: Ние сме за покачување - Работник
522views

Премиерот Зоран Заев уште во предизборниот период најави дека минималната плата до крајот на четиригодишниот мандат ќе се зголеми на 20,000 денари, а просечната 34,000 денари. Но, како ова ќе се одрази врз компаниите?

Од Стопанската комора на Северозападна Македонија велат дека покачувањето на платите треба да биде природен ефект на економскиот раст и развој.

Advertisement

„СКСЗМ ја поздравува ова иницијатива, но треба да се има претпазливост во начинот на кој ќе се изврши ова покачување на минималната плата. Нашата комора беше нај гласна за претходното покачување на минималната плата и продолжуваме со истиот став. Иако ова ќе биде товар врз компаниите, со истото ќе се зголеми куповната моќ, ќе придонесе во намалување на миграцијата на младите, и со зголемување на платите ќе се стимулира работната сила“, велат од Стопанската комора на Северозападна Македонија. 

Од таму наведуваат дека голем проблем е неформалната економија, и сметаат дека покрај позитивните ефекти и бенефити, ова може да доведе и до зголемување на неформалната економија, намалување на побарувачката за работна сила и потенцијално да дејствува негативно од аспект на невработеноста.

Advertisement
Advertisement

„За нашите членки овој сегмент не претставува проблем, бидејќи со зголемување на стандардот на граѓаните и вработените, се зголемува и мотивацијата, а компаниите ќе придобијат од зголемениот перформанс на нивните вработени. Како земја која цели да се стане членка на Европската Унија, ќе треба да се работи во насока на зголемување на стандардот, но бидејќи се наоѓаме во кризна фаза, треба да се одредат приоритетите, и постепено да се дојде до промените без да се предизвикуваат евентуални штети“, велат од СКСЗМ. 

На прашањето за тоа што треба да се направи за Македонија да се справи со економските последици од коронавирусот, односно од бранот кој би настанал на есен, од СКСЗМ велат дека како и повеќето од земјите во Европа и пошироко, Р. Северна Македонија исто така е погодена од пандемијата од Ковид 19.

Според нив, бидејќи не може да се предвиди исходот со Ковид – 19, владата треба да биде проактивна и со претпазливост да ја следи здравствената и економската ситуација на земјата, и со консултација со реалниот сектор да превзема адекватни мерки.

„Особено во следниот период, не може да се менаџира економијата преку програма, бидејќи не може да се предвиди колку ќе трае и кои ќе бидат последиците врз економијата предизвикани од Ковид – 19. Затоа менаџирањето на економијата, треба да биде отворено и без ограничувања на тоа што и како ќе се работи, со цел соодветно да се покријат вистинските потреби, најмалку и до крајот на 2021 имајќи ја на предвид пандемијата“, велат од СКСЗМ. 

Што се однесува до економските програми, сметаат дека истите треба да се реализират на ефикасен начин со цел да се спречи евентуално пролевање на државните средства. Исто така, капиталните инвестиции да се реализираат во стапка од над 85%, да се зајакне рамномерениот регионален развој, модернизација на образовниот систем, правна држава, реформи во институциите и привлекување на странските директни инвестиции.

Бобан Илијевски

Advertisement