ЕкономијаМакедонија

СК: Предлог буџетот предвидува политики за унапредување на земјоделството

СК: Предлог буџетот - Работник
222views

Предлог – Буџетот за оваа година во секторот земјоделие предвидува мерки и политики кои се во насока на унапредување на земјоделството преку зголемување на обработливи површини и создавање на услови на модерно и конкуретно земјоделско производство, истакна Васко Ристовски од Стопанската Комора на Македонија

Од буџетот за секторот, најголем дел од финансиските средства се предвидни за Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како институција која исплаќа поддршка за земјоделството преку директни плаќања од програмата за рурален развој и ИПАРД програмата.

Тој вели дека се планира инвестирање во насока на модерно земјодество со конкурнтни производи и цени на странските пазари. Ова, како што рече тој, има за цел отворање, односно рестартирање на преработувачки капацитети во државата, пласман на финални производи со додадена вредност, подобрување на капацитетите во руралните средини и овозможување на услови за развој на руралниот туризам.

„Дел од Буџетските средства се наменети за развој на инфраструктурните капацитети за развој на земјоделството. Неопходно е да се спроведат активности поврзани со промените во животната средина, за да во еден догледен период можат да се видат резултатите од добрата земјоделска пракса, подигнување на свеста на населението за значењето на можностите кои ги дава Македонија за производство на здрава и безбедна храна“, рече Ристовски.

Тој нагласи дека посебно внимание треба да се обрне на климатксите промени, како во растителното, така и во животниското производство, да се контролира употреба на водните ресурси и биодиверзитетот во државата.

Ристовски наведе дека пред конференциите, здружението за земјоделство изработило еден материјал кој бил даден на разгледување до компаниите во секторот и истиот од нивна страна бил оценет како стратешко – визионерски и се смета дека истиот ќе даде силен развоен правец доколку биде прифатен од надлежните органи.

Здружението за земјоделство и прехрабрена индустрија при Стопанската Комора оваа година организирала две конференции за агросекторот, за поголема претпознатливост и промоција на Комората како институција која се залага за развивање на домашното земјоделство, поставување на идни насоки за негов развој и целосно приспособување на секторот кон зголемените очекувања на потрошувачите и кон добрите практики во европската регулатива од оваа област. Тој истакна дека со ова залагање се придонесува и за работењето на компаниите од овој сектор.

Наведе дека на првата конфернција учествувале панелисти од Словенија и Хрватска кои ги споделиле искуствата од нивните земји, а на втората присуствувал и Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој потенцираше дека посебно значајно е што на втората конференција присуствувал и ресорниот Министер за земјоделство, што, како што рече тој е знак дека институциите го препознаваат значењето на овој сектор и во исто време имаат слух за она што го бара бизнис секторот преку Стопанската Комора во изминатиот период. На конфренциите имало и предлози по одредени прашања кои ги оптоваруваат компаниите. Се побарала долгорочна стратегија и визија, пред се во развојот на строчарството кое е основа на целото земјоделско производство, но и на преработувачката индустрија, со оглед на околностите во кои се наоѓа сточарството се побарале одредени интервентни и автономни мерки со цел да се надминат проблемите во работењето на компаниите. Додаде дека побарале и бесцарински увоз на млеко, бидејќи домашното производство нема да биде доволно.

Истакна дека секторот е во согласност со ЕУ стандардите за земјоделство, освен во технолохгијата каде што заостануваме во напредокот.

Тој испрати апел да се обрне поголемо внимание на технолошките иновации, дел во кој Европската Унија дава најмногу средства, во спротивно многу тешко ќе се постигне едно високо развиено и конкуретно земјоделство и предупреди дека колку повеќе време се губи, толку повеќе последици ќе има по домашното производство.

Според Ристовски, агросекторот преставува еден од најважните сектори во домашната економија и неговото учество во Бруто домашниот производ, заедно со преработувачката индустрија е околу 10 до 12 проценти.

„Можностите за развој на секторот и за придонесот на оваа дејност во националната економија се значително поголеми затоа што расположивите потенцијали во земјоделството не се целосно искористени. Повеќе од една третина од земјоделското земјиште не се обработува, додека субвенциите кои беа воведени во 2007 година не ги дадоа саканите ефекти“, рече Ристовски.

Тој објасни дека македонското земјоделство во измнатите 25 години се соочува со големи предизвици, меѓу кои се членството во Светската Трговска Организација, спогодбата со Европската Унија, членството во ЦЕФТА, ги прошири можностите за зголемување на извозот, но истовремено ја зголеми домашната конкуренција.

„Создавање на конкурентен земјоделско- прехрабрен сектор кој ќе ги искористи компаративните предности на Р. Македонија бара доследно спроведување на сеопфатни мерки во низа на области, вклучувајќи ефективна земјоделска политика, финансирање и престроктуирање на земјоделското производство“, вели Ристовски.

Според него, на Македонија и недостасуваат економско – рурални одржливи заедници кои ќе придонесат за развојот на земјоделството.