- Advertisement -
ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

СК: Работењето од дома треба законски да се регулира за да се реализира

СК: Работењето е од дома - Работник
247views

Пандемијата на вирусот Ковид – 19 принуди голем дел на работнците во светот, но и во Македонија да работат од далечина, односно од дома. Некои од компаниите во светот истакнаа дека ќе продолжат да работат по овој принцип и по норамлизирањето на пандемијата на корона вирусот. Но, што со компаниите во Македонија?

Порталот Работник ја контактираше Стопанската комора на Македонија и од неа побаравме став околу ова прашање.

Advertisement

Од Стопанската Комора рекоа дека пандемијата, но и мерките преземени од страна на Владата за спречување на ширењето на вирусот, придонеле за тоа многу компании, дел од работните процеси вработените да ги извршуваат од дома.

„Согласно информациите на Стопанската комора на Македонија, уште пред преземање на мерки од страна на Владата, голем број на компании наши членки подготвија планови за функционирање од дома. Истото подразбираше соодветна ИТ – подготовка и реорганизација. Практиката покажа дека е можно дел од работните процеси да се извршуваат од далечина, а одлуката зависи од подготвеноста и можноста на конкретната компанија“, истакнаа од Стопанската Комора.

Advertisement

На прашање дали сметаат дека оние компании коишто имаат можност, би можеле да продолжат да функционираат на овој начин и по исзенувањето на пандемијата, од Стопанската комора рекоа дека постојат компании кои веројатно и по исчезнувањето на пандемијата ќе го користат искуството со кое се стекнале во овие услови и ќе претпочитаат работа до дома.

„За реализирање на истото потребно е нормирање на ваквиот вид на функционирање во закон. Потребно е да се регулираат одредени прашања во Законот за работни односи, со цел работа од далечина“, посочија од Стопанската комора на Македонија.

Во однос на тоа кои според нив се бенефитите, а кои недостатоците на ваквиот вид на работа, од комората наведоа дека работата од далечина во одредени услови може да овозможи заштеда на ресурси за компанијата, а истата не мора да значи намалена продуктивност.

„Некогаш вработените би можеле да се дури попродуктивни доколку ги извршуваат работните задачи во средина која е различна од нивното работно место. Но, во некои дејности ваквиот вид на работа е невозможен бидејќи работниот процес е врзан со работните простории на компанијата (производство, трговија, некои видови на услуги и др.)“, велат од Стопанската комора.

Потенцираа дека ИТ-секторот е најсоодветен за работа на далечина кога станува збор за интелектуална работа, како и одредени административни процедури, физичката оддалеченост не е пречка за реализација, но, според нив, организацијата на работењето би требало да биде слободен избор на компанијата.

Бобан Илијевски

Advertisement