МакедонијаСиндикат

Слава Им! Да не се повтори…

Слава Им! Да не се повтори... - Работник
348views

Денес, 28 Април, не само што е најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение  -Веигден, случајно или не,  денес е и светскиот ден за безбедност и заштита при работа. Да не се присетуваме на сите работници кои го загубиле  животот на работното место оваа година, 33 работници, 33 семејства останале без својте најмили, а причините …причините треба да ги побараме во нас, во нашата совест.

Сигурноста на  работното  место, плата и безбедност и заштита на работа треба да бидат нашите три сегменти во нашиот работен ден, нашиот работен век, но за жал се случува обратно.

Податоците велат дека од 2016 година се зголемени потешките повреди на работно место, за жал и смртните случаи,  33 оваа година или вкупниот број на несреќи при работа се зголемува, па затоа веднаш треба да се запрашаме што се случува, затоа што еден ден и ние самите можеме да бидеме жртви како нив. Македонското здружение  за заштита при работа секој ден се обидува овој проблем, кој е од суштинско значење за сите работници да го одржи на врвот од агендата, синдикатите се погласени за нивните лични примања , за притисоци на работно место, но очигледно дека тој глас некако не стига таму каде што е испратен. Надлежните органи, пред се инспекторатите кои се под надлежност на Владините структури не ги извршуваат своите работни обврски онака како што пропишува законот,  па отаму се доаѓа до заклучок дека  одговорноста прво треба да се побара од  таму,  па надолу.

Во 21 век, Македонија согласно извештајот на Светската конфедерација на синдикати е оценета со оцена 3 и се наоѓа во друштво со земјите од Африка,  каде постојано, континуирано се кршат работничките права. Македонија е последна во регионот по просечна плата, а да не зборуваме пошироко, имаме драстично зголемени повреди и смртни случаи на работно место, што заначи дека македонскиот работник е потценет, понижен и злоупотребен.

Сите овие податоци говорат дека ние сите веднаш треба да преземеме нешто посуштинско и да го вратиме достоинството на работникот, а најсуштинските промени треба да се случат кај работодавачите, но секако прво кај  надлежните институции или пак во Владата затоа што најголемата одговорност доѓа оттаму, како што вели поговорката, домаќинот е лицето на семејството.

Слава им! Да не се повтори…

Редакција Работник