- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНовости

Следи го ритамот на своето срце: Samsung Galaxy Watch Active2 44mm на подарок со купување на одредени уреди

Следи го ритамот на своето срце - Работник
240views

Компанијата Samsung стигна до позиција на лидер во глобалната индустрија за мобилни уреди со врвен квалитет на производите, ставајќи ги потребите, желбите и интересите на корисниците секогаш на прво место и за нив подготви специјална промоција, која започнува на 22 март и ќе трае до 19 април, 2021 година.

Со секое купување на телефоните Galaxy S21 5G, S21+ 5G, S21 Ultra 5G, Z Flip или Z Fold2 5G во одредениот период, Samsung на клиентите ќе им подари Galaxy Watch Active2 од 44мм во црна боја, како и дополнителна, трета година гаранција, која што за одбраниот купен уред ќе важи и по истекот на производствената гаранција. Сè што е потребно за да го добиете подарокот е да се регистрирате на https://www.samsung.com/mk/offer/rhytm-of-your-heart-promo/.

Samsung Galaxy S серијата паметни телефони секако е позната како лидер во областа на дисплеите и камерите. Galaxy S21 има нов, покомпактен дизајн, додека S21+ на корисниците им нуди 6,7 инчен проширен екран и посилна батерија. И двата паметни телефони имаат врвни камери со голем број напредни опции. Најсилниот во S21 серијата, Galaxy S21 Ultra се одликува со дизајн кој е истовремено елегантен и впечатлив, а особено падна во око на корисникот со своите импресивни карактеристики. Она што камерата на S21 Ultra ја издвојува од другите телефони е секако најнапредната вештачка интелигенција (AI) некогаш поседувана на кој било Galaxy паметен телефон. Покрај тоа, S21 Ultra поддржува и S Pen пенкало, кое им овозможува на корисниците да цртаат, уредуваат фотографии, водат белешки и потпишуваат документи.

Кога беа претставени, моделите Galaxy Z Flip и Galaxy Z Fold 2 обележаа голема промена во полето на дизајнот и мултифункционалноста на паметните телефони во форма на преклопени уреди. Galaxy Z Flip се карактеризира со модерен, компактен дизајн со мали димензии и голема издржливост, со сите карактеристики на најнапредните технологии за корисниците кои сакаат да бидат секогаш во тренд. Galaxy Z Fold 2 е модел кој го усоврши и подобри искуството на паметен телефон на преклоп со својот голем, простран внатрешен екран и стандарден надворешен, погоден за непречено гледање на содржината и употребата на апликациите, со префрлување од еден на друг екран без прекинување на активноста.

За повеќе детали за промоцијата посетете ја: https://www.samsung.com/mk/offer/rhytm-of-your-heart-promo/