ЕкономијаСветСветот на работникот

Словенија: На работниците „на чекање“ ќе им се исплаќа 80 отсто од просечната плата

Словенија: На работниците - Работник
154views

Словенечките работодавачи кои поради епидемијата ќе ги испратат работнците дома „на чекање“, ќе мораат да им исплаќаат додаток од 80 отсто од просечната плата во последните три месеци.

Четриесет отсто од таа сума ќе ја обезбеди државата, предложила денеска словенечката Влада.

Таквото интеревентно решение е предложено поради негативните последици на епидемијата од корона вирусот на економијата и истото е прифатено од парламентарниот одбор за труд и тоа без ниеден глас против, а пратениците ќе го потврдат на крајот од неделата во пакет за помош за економијата, пренела Хина.

Работникот на такво чекање ќе може да биде најмногу три месеци, а работодавачите правото на субвенционирање од страна на државата можат да го остварат само еднаш во три месеци по ред.

На помошта од државата не можат да сметаат оние работодавачи кои се даночни должници или се во инсолвентна постапка.

На додаток од 80 проценти од просечната плата додека се дома, имаат право и оние работници кои мораат да одат во изолација, бидејќи им е одреден карантин, но во нивниот случај тој трошок ќе го сноси државата.

Олеснувања ќе имаат компаниите кои поради падот на нарачките и производството мораат да испратат на чекање третина или повеќе од вработените, но и малите и микро претпријатија со еден или неколку вработени.

Се работи за речиси 110,000 претпријатија кои делуваат по начелото на „самовработување“, а такви има многу во културата, новинарството, услужните и другите дејности.